Внимателно прочитајте ја Политиката за заштита на приватноста за да се информирате како Адвокат Бисера Митреска и Адвокат Владимир Стаменковски (во понатамошниот текст Адвокатска канцеларија Стаменковски&Митреска) ги користи вашите лични податоци што ги оставате при посета на веб-страницата lawofficesm.mk. При собирањето на овие информации, дејствуваме како контролор во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со него должни сме да ве информираме за обработката на вашите лични податоци. Обработката на вашите лични податоци ја сметаме за многу сериозна активност и ги преземаме сите неопходни технички и организациски мерки за заштита на обработката на вашите лични податоци.

Адвокатска канцеларија Стаменковски&Митреска во своето работење го почитува Законот за заштита на личните податоци и сите други прописи кои на кој било начин пропишуваат посебен третман на личните податоци на корисниците.

  1. Адвокатска канцеларија Стаменковски&Митреска доаѓа само до оние лични податоци кои корисниците решиле да ги остават при користењето на lawofficesm.mk.
  2. Адвокатска канцеларија Стаменковски&Митреска на ниту еден начин нема да ги класифицира тие податоци, ниту да ги групира или да ги употреби за кои било други цели освен за целите за кои се оставени од самите корисници.

Информациите подолу се однесуваат само за оваа веб-страница. Доколку преку lawofficesm.mk се поврзувате со други веб-страници, потребно е да ги разгледате и да ги прочитате политиките за заштита на приватноста објавени на тие веб-страници.


Цели за обработка на личните податоци

Вашите лични податоци кои ги прибираме за време на вашата посета на нашата веб-страница се податоци кои вие доброволно ги оставате и тие се обработуваат за следните цели:


Начин на собирање на личните податоци

Колачиња

Нашата веб-страница користи колачиња кои овозможуваат подобро функционирање на страницата, но и подобро искуство за вас додека ја користите веб-страницата.

Податоци што се собираат од вас на нашата веб-страница се:

За повеќе информации во однос на користењето на колачињата, погледнете во Политика за колачиња.


Контактирајте НЕ

Преку формуларот Контактирајте НЕ, Адвокатска канцеларија Стаменковски&Митреска ги собира следните лични податоци кои се користат за одговор, правен совет и изработка на фактура за правен совет:


Политика за лица под 14 години

Веб-страницата lawofficesm.mk не е наменета за лица под 14 години. lawofficesm.mk нема цел да прибира и да обработува лични податоци за лица под 14 години. Доколку лице под 14 години ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите родители и/или старатели, тие треба веднаш да го известат lawofficesm.mk.


Споделување на личните податоци со трети страни

Лица кои ги обработуваат податоците во име на Адвокатска канцеларија Стаменковски&Митреска

Со цел да се изврши техничка поддршка и администрирање на веб-страницата lawofficesm.mk и информациите да се обработуваат заради статистички цели, при вршење тестирања и сондажи за работата на веб-страницата lawofficesm.mk, личните податоци и другите информации за корисникот може да им се откријат и да се обработуваат од трети лица на кои lawofficesm.mk им ја доделилe изведбата на одредени услуги поврзани со веб-страницата lawofficesm.mk. Овие податоци ќе бидат откриени и соодветно обработени само до одреден степен и во обем неопходен за да се изврши доделената работа. Соодветно на тоа, тие трети лица ќе дејствуваат како обработувачи на податоци во име на lawofficesm.mk.

Обработувачите на податоци се запознаени дека информациите се предмет на Законот за заштита на личните податоци.

Овие лица ќе бидат обврзани да ги обработуваат податоците само и единствено во согласност со инструкциите на Адвокатска канцеларија Стаменковски&Митреска и ќе немаат право личните податоци на корисниците да ги користат или да ги обработуваат на кој било друг начин за други цели, освен за целите што се наведени во Општите правила и услови и оваа Политика.


Социјални мрежи

Со кликнување на иконата за одредени социјални мрежи (Facebook, Instagram), која се наоѓа на веб-страницата на Адвокатска канцеларија Стаменковски&Митреска, корисникот може лесно да пристапи до профилот на компанијата Адвокатска канцеларија Стаменковски&Митреска на социјалните мрежи, како и да објави на други профили на социјалните мрежи содржини поврзани со Адвокатска канцеларија Стаменковски&Митреска. Со кликнување на тие копчиња-икони на социјалните мрежи се овозможува на корисникот брзо да му се понудат релевантни информации во согласност со веб-активностите од страна на корисникот.


Рок на чување и бришење на податоците

Адвокатска канцеларија Стаменковски&Митреска во целост ги почитува и ги применува начелата поврзани со обработката на личните податоци предвидени во ЗЗЛП, при што вашите лични податоци се обработуваат не подолго од она колку што е потребно за целите поради кои се обработуваат. Податоците што ги обработуваме ги чуваме во согласност со временските рокови пропишани со закон или со интерните акти на компанијата и по остварување на целта тие се уништуваат/бришат.

Доколку сте дале согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработувани сè додека не ја повлечете согласноста. Кога ќе се исполни целта на обработката на личните податоци, податоците се бришат во секој случај. Во случај на водење судски, административни или други постапки, личните податоци се чуваат сè до завршување на тие постапки.


Права на субјектот на личните податоци

Вашите права во однос на обработката на личните податоци се:

За дополнителни информации и/или за остварување на вашите права за заштита на личните податоци, можете да контактирате со овластеното лице за заштита на личните податоци.


Право на поднесување барање до АЗЛП

Доколку сметате дека при обработка на вашите лични податоци Адвокатска канцеларија Стаменковски&Митреска ги повредува одредбите од ЗЗЛП, можете да поднесете барање до надзорниот орган Агенција за заштита на личните податоци. Барање: https://www.dzlp.mk/node/3274


Измени во политиката за заштита на личните податоци

Политиката за заштита на приватноста може да претрпи измени и за нив ќе можете да прочитате секогаш кога ќе пристапите на нашата веб-страница, а датумот на последната измена ќе биде наведен најдолу во објавата. Ве молиме да се информирате за да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користењето на вашите лични податоци.


Контакт во врска со политиката за заштита на личните податоци

Ве молиме контактирајте со нас доколку имате какви било прашања во врска со нашата Политика за заштита на личните податоци. Тоа можете да го сторите на info@lawofficesm.mk или во хартиена форма на следната адреса:

Адвокатска канцеларија Стаменковски&Митреска
Ул.11-ти Октомври бр.23А/1-4, Центар Скопје


Офицер за заштита на личните податоци:
Адвокат Бисера Митреска
Е-пошта: bisera.mitreska@lawofficesm.mk


Датум: 11.05.2022 година

mk_MKMK