Заштитата на личните податоци е обезбедување сет на мерки, стратегии и процеси со цел обезбедување на интегритет и доверливост на податоците. Заштитата на личните податоци не е новост во македонското законодавство. Првиот Закон за заштита на лични податоци е донесен 2005 година, но оттогаш до денес ретко кој го познаваше и работеше согласно него. Со влегувањето во сила на новиот Закон за заштита на лични податоци, Август 2021 година, се актуализираше оваа тема. Како и секогаш актуелизацијата на одредена тема во Македонија се случува откако законски ќе бидат определени прекршочни парични казни за правните лица.
Новиот Закон за заштита на лични податоци кој е усогласен со правото на Европската унија, најголеми новини носи во задолжителното определување на Офицери за заштита на лични податоци, кои е потребно да бидат лица со завршено високо образование со познавања од областа на заштита на лични податоци.
Нашиот тим на ова поле носи повеќегодишно искуство и сертифициран Адвокат за заштита на лични податоци.
Кога станува збор за заштитата на личните податоци, најдобар показател за познавањето е личниот пример. Оттука Адвокатската канцеларија Стаменковски и Митреска има донесено бројни сетови на мерки и усвоени процеси на работа, кои во секое време не само што обезбедуваат доверливост и интегритет на податоците на нашите клиенти, туку и минимум ризик за неовластен пристап до нив или протекување, губење на податоци.
Следејќи го нашиот пример со задоволство им помагаме и даваме правна помош на нашите клиенти со цел не само усогласување на нивното работење со законската регулатива, туку обезбедување на мерки и процеси кои ќе го унапредат и олеснат нивното тековно работење.