Поранешните искуства во оваа правна гранка го конвалидираа фактот дека обезбедувањето на квалитетен Договор за купопродажба на недвижен имот е клучот на задоволен продавач и купувач. Измените во позитивните законски норми, предвидуваат дека за заштита на правата, но и на обврските на продавачот и купувачот договорот за купопродажба не недвижен имот задолжително треба да биде сочинет од Адвокат. Адвокатот ја гарантира позиција на двете договорни страни и се грижи за законитоста во продажбата. Од есенцијално значење е да изберете квалитетен Адвокат кој има специјализација во оваа област. Нашата канцеларија до сега има изработено преку 100 Договори за продажба на недвижен имот, при што со задоволство истакнуваме дека сите продажби завршиле со среќни и задоволни клиенти.
Во делот на склучување на договори за градење целосно ја разбира позицијата на сопственикот на градежно земјиште, инвеститорот, изведувачот, подизведувачите и надзорот. При склучување на ваков вид на Договори секогаш ја користиме помошта на професионалците, ангажирани надворешни стручни лица – архитекти, со чија помош добиваме целосна слика за маркицата, проектот и чекорите кои треба да се спроведат за да има успешна реализација на нов градеж.
Во постапки во кои има инволвирано повеќе лица како задолжителни алки во еден подолготраен процес, како правници значајно е добро уредување на меѓусебните односи, особено во делот на обврските и рокот на извршување на истите.
На ова поле Адвокатите имаат учествувано во склучување на Договори за градење, за соинвенститерство, но исто така имаат богато искуство во процеси во кои се бара детектирање на вина и надомест на штета.