Адвокатската канцеларија Стаменковски и Митреска е партнерска фирма основана 2015 година. Спојот на богатото професионално искуство во различни гранки на правото е темелот на канцеларијата. Експертизата која адвокатите ја нудат во канцеларијата покрива голем сегмент од правните гранки. Секој партнер има своја уникатна положба во канцеларијата, кој преку својата експертиза и специјалност обезбедува детектирање на правниот проблем и понуда на правнo решение за истиот.

Клиентите на денешницата се глобализираат, поради што се соочуваат со пософистицирани технолошки, регулаторни, правни и економски барања, а и проблеми. Повеќето од нивните проблеми ги надминуваат областите на традиционалната практика и дисциплинарните оддели, меѓусебните географии и јурисдикции.

Овој тренд бара од приватната правна пракса зголемена специјализација и комплексен пристап за решавање на проблемите на клиентите, односно побарувачка за адвокати кои не се само технички експерти во нивниот домен, туку адвокати кои соработуваат меѓусебно не само на локално ниво, туку и транснационално.

Токму оваа побарувачка беше двигател во идејата за симбиоза на два адвокати кои специјализацијата во нивните домени ќе ја спојат со цел овозможување на клиентите да нивните проблеми бидат разгледувани од повеќе страни, а понудата на решението биде мултидисциплинарно.

Адвокатската канцеларија Стаменковски и Митреска примарно ги покрива следниве области:

mk_MKMK