Семејното право ги покрива односите на бракот и семејството, посебната зашита на семејството, нарушените односи и насилството во бракот и семејството, посвојувањето, старателството, издржувањето, како и постапката пред судот во брачните спорови.

Во постапките поврзани со брачните односи потребен е посебен сензибилетет во работење, особено ако се работи со жртви на семејно насилство.

Смртта е неразделен дел од животот. Уредувањето и поделбата на имот во текот на животот, а и по смртта се дел од правниот систем од неговите зачетоци до денес. Наследното право е сет на правни норми кои го регулираат управувањето, располагањето и поделбата на имотот – движен и недвижен, стекнат од еден член на семејството. Волјата на сопственикот ги определува тековите додека е тој со целосна деловна способност и жив. По смртта настапуваат правните норми.

mk_MKMK