Трудовото право претставува жива материја која постојано се менува и адаптира. Состојбата предизвикана од пандемијата наречена „Ковид-19“ е најдобар доказ за тоа како овој сегмент од правото е директно поврзан со општествената состојба.

Иако сваа правна гранка е регулирана со основниот Закон за работни односи, бројни lex specialis закони, меѓународни и колективни договори, економските состојби предизвикуваат потреба од пазарно адаптирање како на работодавачите, така и на работниците. Во економски сиромашна држава, како нашата, во оваа област најчесто доаѓа до најголемите прекршувања на човековите права.

Адвокатската канцеларија Стаменковски и Митреска секогаш е подготвена и насочена кон обезбедување на квалитетна информација и заштита на ова поле, како за работодавците, така и за работниците.

Работните односи се двонасочна улица, поради што Договорот за вработување претставува фундамент.

Оваа канцеларија активно своите услуги ги дава на правни лица на кои им обезбедува квалитетни Договори за вработувања, прилагодени на нивните дејности и потреби, а во исто време ги застапува работниците во ситуација кога нивните права за одмор, плата, надоместоци, додатоци им се нарушени или пак незаконски се отпуштени од работа.

mk_MKMK