Децениското практикување во кривичната област дава солиден темел и експертииза на адвокатите да даваат правна помош и да ги бранат пред надлежните полициски и обвинителски органи клиентите. Добрата одбрана започнува од предистрагата, поради што секогаш ги советуваме нашите клиенти ангажманот на адвокат да биде од тој момент. Добро спроведена предистражна и истражна постапка во присуство на бранител, обезбедува еднаквост на оружјата во состојба доколку се покрене обвинение. Нашата канцеларија има брането и учествувано во кривични постапки покренати за злоупотреба на службената положба, злупотреби поврзани со јавни набавки, кривични дела од областа на даноците, кривични дела против имотот, против безбедноста во сообраќајот, криумчарење мигранти, комјутерски криминал итн.
Градењето добра одбрана во услови на постоење процесна вистина е круцијално во судските постапки, особено во постапкиет кои предизвикуваат јавен интерес, а најчесто се поврзани со криминалот на бели јаки.
Казненото право, како сегмент со помали последици од кривичното право, најчесто е област на која не доволно и се посветува внимание како од клиентите, така и од адвокатите. Токму затоа што оваа постапка е поедноставена од кривичната, може да доведе до создавање пропусти кои имаат штетно влијание врз клиентите. Малите казни најчесто се фактор поради кој клиентите решаваат да во овие постапки не ангажираат правен експерт. Меѓутоа правните последици од овие казни понатаму се рефлектираат на можноста од стекнување на одредени права. Нашата канцеларија дава активна правна помош во оваа област.