Спојот на богатото професионално искуство во различни гранки на правото е темелот на канцеларијата.

Адвокатска Канцеларија СиМ

Адвокатската канцеларија Стаменковски и Митреска е партнерска фирма основана 2015 година. Спојот на богатото професионално искуство во различни гранки на правото е темелот на канцеларијата. Експертизата која адвокатите ја нудат во канцеларијата покрива голем сегмент од правните гранки. Секој партнер има своја уникатна положба во канцеларијата, кој преку својата експертиза и специјалност обезбедува детектирање на правниот проблем и понуда на правнo решение за истиот.

Сите работи се менуват, И ние се менуваме со нив

Ние постојано бараме начини да го подобриме нашето специјализирано знаење и постојано се прашуваме: „Која е додаденатата вредност на нашите услуги за клиентот?” Тимската работа е многу ценета бидејќи ние разбираме дека моќта на соработката е појака од самостојна борба.

ПРАВНИ УСЛУГИ

Кривично и казнено право

Децениското практикување во кривичната област дава солиден темел и експертииза на адвокатите да даваат правна помош и да ги бранат пред надлежните полициски и обвинителски органи клиентите.

Трудово право

Трудовото право претставува жива материја која постојано се менува и адаптира. Состојбата предизвикана од пандемијата наречена „Ковид-19“ е најдобар доказ за тоа како овој сегмент од правото е директно поврзан со општествената состојба.

Недвижности и градба

Поранешните искуства во оваа правна гранка го конвалидираа фактот дека обезбедувањето на квалитетен Договор за купопродажба на недвижен имот е клучот на задоволен продавач и купувач.

Заштита на лични податоци

Заштитата на личните податоци е обезбедување сет на мерки, стратегии и процеси со цел обезбедување на интегритет и доверливост на податоците. Заштитата на личните податоци не е новост во македонското законодавство.

Основање и ликвидација на правни лица

Адвокатската канцеларија Стаменковски и Митреска е регистраран агент за отварање, промени, бришење, пријава на вистински сопственик, спроведување на постапки за ликвидација и стечај на правни лица.

Семејно и наследно право

Семејното право ги покрива односите на бракот и семејството, посебната зашита на семејството, нарушените односи и насилството во бракот и семејството, посвојувањето, старателството, издржувањето, како и постапката пред судот во брачните спорови.

Мултидисциплинарниот систем ја разликува оваа Адвокатска канцеларијата од останатите

mk_MKMK